Во Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина од 2025 година се забрануваат дизел возилата

Париз, 2 декември 2016 (МИА) - Градоначалниците на Париз , Мексико Сити, Мадрид и Атина соопштија дека до средината на идната деценија, односно до 2025 година, ќе биде забрането низ улиците да се движат дизел автомобили и камиони.

Ваквата мерка се носи за да се подобри квалитетот на воздухот што го дишат жителите на овие многумилионски градови и значително да се намали загаденоста, која е поврзана со нарушувањето на здравјето на луѓето.

Челниците на овие градови, на биеналната конференција на градоначалници, најавија дека ќе се бараат алтернативни возила за оние на дизел горивото, како и максимално ќе се поттикнува одењето пеш или со велосипеди.

На конференцијата беше речено дека веќе е утврдено оти дизелот и возилата што го користат директно влијаат врз зголемувањето на загаденоста и на кардиоваскуларните болести и заболувањата на белите дробови.

Светската здравствена органзација посочува дека секоја година, три милиони луге во светот умираат од болести, предизвикани од загаденоста на воздухот, а најмногу од нив во големите градови.

Градоначалникот на Мексико Сити, Мигуел Михел Мансеро изјави дека главниот град на Мексико се „задушува“ во загадениот воздух и во огромниот и неконтролиран обем на возила низ неговите улици.

Париз веќе применува мерки за намалување на загаденоста на тој начин што возила постари од 1997 година не смеат да се движат низ градските улици, а еднаш во месецот, главниот париски булевар „Елисејските полиња“ е затворен за секаков сообраќај.

- Сега сакаме да го забраниме движењето на дизел возилата и да го следиме примерот на Токио на тој план, истакна на конференцијата градочалничката на Париз Ана Идалого.

Нејзината колешка од Мадрид, Мануела Кармина, прифаќајќи едно вакво решение за главниот шпански град изјави дека „воздухот што го дишат лугето е директно е поврзан со климатските промени“.

Барселона веќе успеа да го намали загадувањето во градот. преку популаризирање на јавни велосипеди ја намали емисијата на јаглед-диоксид за 9.000 тона, што е еднакво на гасовите кои ги испуштаат возилата кои минуваат 33 милиони километри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...