Екипата на Трамп побара амбасадорите на Обама да се повлечат од функциите

Екипата на Доналд Трамп за спроведување на транзицијата на власта издала генерална наредба амбасадорите кои се назначени од претседателот Барак Обама да ги напушптат своите функции до стапувањето на должност на новиот претседател, на 20 јануари.

Веста ја соопшти американскиот амбасадор во Нов Зеланд, цитиран од британските медиуми.

„Јас ќе се повлечам на на 20 јануари“, најави амбасадорот Марк Гилберт на Твитер.

Наредбата, што важи за сите, „без исклучок“, се содржи во телеграмата на Стејт департментот од 23 декември, прецизира Гилберт, потврдувајќи ги информациите на весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот цитира дипломатски извори, според кои, претходните американски влади - и репубрикански, и демократски, ги продолжувале роковите за амбасадорите, особено оние со деца во училиштата, да имаат можност да останат во соодветните земји уште неколку недели или месеци.

Претставници на Стејт департментот и на екипата на Трамп за преодниот период не беа расположени за коментар, забележуваат британските медиуми.

Доколку наредбата се реализира, САД може со месеци да останат без амбасадори, потврдени од Сенатот, во клучните држави, како Германија, Канада и Велика Британија, забележува „Њујорк тајмс“.

Високо позициониран претставник од екипата на Трамп за весникот изјавил дека во мерката нема злонамереност и дека нејзината единствена цел е да гарантира дека дипломатските претставници на Обама навреме ќе ги напуштат функциите, исто како и илјадниците политички помошници во Белата куќа и федералните служби.

Подготвувајќи се за стапување на должност, Трамп планира на функција да не остави ниту еден политички функционер назначен од Обама и да смени многу од постигнатото во областа на внатрешната и надворешната политика од неговиот претходник во Белата куќа, пишува „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...