ЕУ обезбедува 28.7 милиони евра помош за Африка и Азија

Европската комисија соопшти дека ќе обезбеди 28.7 милиони евра хуманитарна помош за државите од Африка и Азија.

Најголем дел од оваа сума, или 10 милиони евра, се предвидени за Сомалија, каде стотици илјади лица се под закана од глад заради сушата. Осум милиони евра ќе послужат за исполнување на потребите на Авганистанците, кои се вратени од други држави, како и за авганистанските бегалци, кои засолниште побарале во Иран.

Дел од средствата ќе бидат насочени кон Египет, каде се забележува прилив од државјани на Сирија, Ирак и државите од јужниот дел на Африка, кои бараат засолништа.

Европските средства ќе стигнат и до луѓето во Либија, каде хуманитарната ситуација и натаму е исклучително тешка,забележа ЕК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...