Најмалку петмина убиени во напад на аеродром во Флорида

Осамен напаѓач вчера попладнето отвори оган на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл, на Флорида, и уби најмалку пет лица, пред да биде притворен, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници и сведоци.

- Во инцидентот пет лица се убиени, а осуммина ранети, соопшти канцеларијата на локалниот шериф.

Телевизијата МСНБЦ, повикувајќи се на сведоци, пренесе дека напаѓачот е маж во 20-тите години, кој носел маица „Војна на ѕвездите“", а кого полицијата го погодила кога се обидел да избега.

Очевидец го опишал напаѓачот како „виток маж“, кој директно пукал по патниците додека го чекале багажот.

Претставник на американските правосудни органи изјави дека напаѓачот за ФБИ во ноември изјавил дека Владата го контролира неговиот ум и го принудува да гледа видео снимки на групата Исламска држава, пренесоа американските медиуми.

Претставникот, кој посакал анонимност, посочи дека агенти на ФБИ разговарале со 26-годишниот Естебан Сантијаго, и ја повикале полицијата, која го одвела на психијатриска проценка.

Бирото на ФБИ во Енкриџ,на Аљаска, каде Сантијаго живее, соопшти дека соработува со истрагата, но одбива да даде повеќе информации.

Напаѓачот во Форт Лодердејл пристигнал со лет од Енкориџ, изјави началникот на полицијата на аеродромот во Енкориџ, Тед Стивенс.

Мажот се качил во авионот на летот на авиокомпанијата „Делта“ и неговиот единствен пријавен багаж било огненото оружје. Тој летал од Енкориџ, преку Минеаполис, за Форт Лодердејл.

Според полицијата, не е необично патници на аеродромот со багажот да го чекираат и свеото огнено оружје, затоа што во регионот има многу ловци.

Мажот имал психички проблеми, од кои некои се појавиле по завршување на неговата мисија во Ирак за што почнал да добива лекување во својот дом на Аљаска, изјавија негови роднини.

-Единственото нешто што можам да го кажам е дека кога се врати од Ирак, не се чувстваше добро, рече неговиот чичко Ернан Ривера за регионален весник.

Сантијаго служел во порториканската Национална гарда и во 2010 година бил испратен во Ирак, каде минал една година во инженерска единица, изјави мајор Пол Далон од гардата.

Откако се вратил од Ирак, Сантијаго служил и во резервата на американската армија, како и во Националната гарда во Аљаска.

Пред извесно време Сантијаго станал татко , изјавија неговите чичко и стрина.

Претседателот Барак Обама во интервју за телевизијата Еј-Би-Си изјави дека мотивите на напаѓачот ќе станат појасни во следните 24 часа, пренесе ТАСС.

-Не коментирам такви прашања додека не ја добијам целата информација, изјави тој во одговорот на прашањето дали станува збор за терористички акт.

По нападот илјадници луѓе останаа блокирани на аеродромот во Форт Лодердејл, пренесоа американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...