Асад: Подготвен сум да преговарам за се во Казахстан

Дамаск, 9 јануари 2017 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата Влада е подготвена да преговара за се на предложените мировни преговори во Казахстан, за кои се уште не се знае точниот датум, ниту кој ќе ја претставува опозицијата.
Асад додаде дека е прекршен прекинот на огнот, во кој посредуваа Турција и Русија, како и дека војската сакала да ја заземе цела Сирија, вклучувајќи ги и подрачјата кои ги држат бунтовниците во близина на Дамаск, каде е бомбардирана структурата за водоснабдување.
Русија минатиот месец постигна договор со Асад, Иран и Турција во Астана, главниот град на Казахстан да се оддржат новите мировни преговори, откако бунтовниците го претпеа најголемиот пораз во војната, повлекувајќи се од источен Алепо.
Асад додаде дека владината делегација е подготвена да замине за Астана, кога ќе биде соопштен конечниот датум за оддржување на мировните преговори.
- Подготвени сме на преговори за се, рече Асад.
Запрашан дали тоа го вклучува и прашањето за неговата позиција на претседател, одговори потврдно, но додаде дека неговата позиција е поврзана со Уставот.
- Доколку сакаат да разговараме за прашањето на мојата позиција, тогаш мораат да разговараат и за Уставот, додаде Асад.
Тој истакна дека за каков било нов Устав граѓаните мора да се изјаснат на референдум, а на сирискиот народ е да го избере претседателот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...