Трамп планира да ги остави во сила санкциите против Русија

Њујорк, 14 јануари 2017 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера, во прво време по преземањето на функцијата, да ги остави во сила санкциите против Русија, воведени од владата на Барак Обама, најави во интервју за „Волстрит џурнал“.

Трамп изјави дека може да ги укине санкциите воведени кон крајот на декември како одговор на наводните руски сајбер напади, ако Москва докаже дека е корисна во борбата против тероризмот и постигнување на други цели, важни за Вашингтон.

Тој рече дека е подготвен да се состане со рускиот претседател Владимир Путин, откако ќе стапи на должност на 20 јануари.

- Тие би сакале да се сретнеме и јас целосно се согласувам со тоа, истакна Трамп.

Прашан дали ја поддржува политиката за „една Кина“, Трамп одговори: Се е предмет на преговори, вклучувајќи и „една Кина“. Тој ги налути Кинезите, откако прифати телефонски повик од тајванската лидерката Цај Ингвен по победата на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...