„Сандеј Тајмс“: Трамп сака да се сретне со Путин во Рејкјавик

Лондон, 15 јануари 2017 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би сакал да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин во исландскиот главен град Рејкјавик, само неколку недели по официјалното преземање на претседателската функција на 20 јануари, објави во денешниот број лондонскиот весник „Сандеј Тајмс“.

Весникот се повикува на неименувани извори во преодниот тим на Трамп, кои наводно изјавиле дека идниот американски претседател би сакал да се сретне со Трамп во Рејкјавик, по примерот на историската средба од октомври 1986 година меѓу тогашниот претседател на САД, Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.

„Сандеј Тајмс“ наведува дека за ваквата евентална средба веќе биле воспставени дипломатски контакти и дека Москва изразила подготвеност да ја прифати поканата за разговори меѓу Трамп и Путин.

На информацијата на лондонскиот весник, реагираше преодниот тим на Трамп, кој ваквите тврдења ги отфрли како невистинити и ги оцени како „стопроцентна лага“.

Исландскиот весник „Моргунбладид“ пак објави дека властите на Исланд досега не добиле никакво официјално барање за одржување на средба меѓу Трамп и Путин во Рејкјавик.

- Доколку добиеме такво барање, Исланд е подготвен да го даде својот придонес во подобрувањето на односите меѓу Вашингтон и Моксва, исто како што направи во 1986 година, ијзавил исландскиот министер за надворешни работи Гудлаугур Тор Тордарсон за „Моргунбладид“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...