Осум лица поседуваат половина од светското богатство

Давос, 16 јануари 2017 (МИА) - Осум лица ја поседуваат истата вредност на имот како и половина од светската популација и ова ниво на нееднаквост „може да ги разори нашите општества“, предупредува британската хуманитарна организација „Оксфам“ во пресрет на годинешниот бизнис собир во Давос.
„Оксфам“ наведе дека податоците се добиени од доверливи извори и дека разликата меѓу богатите и сиромашните е многу поголема отколку што тие стравувале.
Бен Саутвуд, главен истражувач на Институтот „Адам Смит“, вели дека не е важно богатството кое одредени луѓе го поседуваат, туку благосостојбата на сиромашните, која е се полоша секоја наредна година.
Како што наведува Би-Би-Си, соопштението на „Оксфам“ се поклопи со почетокот на Светскиот економски форум во Давос, на кој учествува врвот на светската политичка и бизнис елита.
Кети Врајт, шефица за надворешни работи во „Оксфам“ изјави дека нивниот извештај помогнал да се предизвикаат политичките и економските елити.
На листата на најбогати луѓе во светот на „Форбс“ од март 2016 година, се наоѓаат осум лица, а прв е Бил Гејтс:
1. Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ - 75 милијарди долари
2. Амансио Ортега, основач на „Зара“ и сопственик на „Индитекс“ - 67 милијарди долари
3. Варен Бафет, најголем акционер во „Беркшир Хатавеј“ - 60.8 милијарди долари
4. Карлос Слим Хелу, сопственик на групацијата „Карсо“ - 50 милијарди долари
5. Џеф Безос, основач на „Амазон“ - 45.2 милијарди долари
6. Марк Цукерберг, коосновач на „Фејсбук“ - 44.6 милијарди долари
7. Ларс Елисон, коосновач на компанијата „Оракл“ - 43.6 милијарди долари
8. Мајкл Блумберг, сопственик на „Блумберг ЛП“ - 40 милијарди долари
„Оксфам“ се залага за похумана економија и апелира до владите во светот за воведување поголеми даноци за побогатите и за намалување на платите и даночните олеснувања на директорите. Според организацијата, деловните лидери треба да плаќаат чесен дел од данокот и затоа ги повикауваат компаниите на вработените да им плаќаат доволно за да можат да си ги покријат сите животни трошоци.
„Оксфам“ веќе неколку години објавува слични извештаи. Минатата година пресметаа дека 62 најбогати луѓе во светот имаат исто богатство како и најсиромашната половина од светската популација. Во овој најнов извештај оваа бројка опадна на само осум најбогати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...