Индиски кројач призна дека за 10 години киднапирал и силувал стотици ученички

Њу Делхи, 17 јануари 2017 (МИА) - Индискиот шијач Субил Растоги во текот на сослушувањето во полицијата призна дека во текот на последните 10 години киднапирал, малтретирал и силувал стотици ученички, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Њу Делхи.
Растоги, 38-годишен семеен човек и татко на пет деца, бил уапсен во саботата во полициската истрага за сексуален напад во индиската престолнина врз три девојчиња на возраст меѓу девет и 10 години.
Во текот на распитите Растоги, кој живее во Рудрапур, во државата Утар Прадеш, раскажал дека секоја недела доаѓал во Њу Делхи за да го задоволи својот педофилски нагон. Негови жртви биле девојчиња на возраст меѓу седум и 10 години. Тој не знаел колку точно деца има силувано, но кажал дека можеби се стотици.
Засега Растоги е обвинет за трите случаи на силување, но се смета дека од 2004 година можеби силувал околу 500 девојчиња.
Можно е тој да се покаже како најголемиот сериски педофил во Индија во последните години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...