Иран не сака САД да учествуваат во преговорите за Сирија во Астана

Техеран, 18 јануари 2017 (МИА) - Иран, кој е главен поддржувач на сириските власти, е против учеството на САД во мировните преговори за Сирија во Астана, што ќе почнат в понеделник.
- Се огласуваме против учеството на САД во преговорите и не сме ги поканиле, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, чија земја заедно со Русија и Турција ги договори тие преговори.
- Во оваа фаза треба да ја задржиме трилатералната рамка, секое проширување вон неа може да доведе до неуспех на преговорите. Нашата политика е засега да не повикуваме други земји, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Бахрам Гасеми.
Тој изјави дека прво треба да бидат постигнати резултатите во Астана и потоа врз основа на тие први чекори да се размислува за покана на други држави за учество во преговорите.
Иранскиот став е изразен во момент кога Русија изјави дека е праведно новата американска Администрација на Доналд Трамп да биде поканета на преговорите во Астана. Анкара неколку пати напомена дека САД биле поканети на преговорите.
Сириската Влада и опозиција составија делегации за преговорите во Астана, јави ДПА.
Владата ќе испрати делегација од десет лица, предводена од постојаниот претставник на Сирија во ОН, Башар ал Џафари. Во делегацијата ќе има дипломати, политичари, воени лица и претставници на силите за безбедност.
Делегацијата на опозицијата ќе биде составена од осум лица од бунтовничките групи и од девет политички, правни и технички советници. Таа ќе биде предводена од Мохамед Алуш, еден од лидерите на групацијата „Армија на исламот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...