Најстариот ирански солитер во центарот на Техеран денеска се урна откако претходно последните катови беа зафатени од пожар, јавија иранските медиуми.
Солитерот со 17 катови изграден е на почетокот од 60-тите години на минатиот век и во него имаше трговски центар, што беше евакуиран поради пожарот.
Се уште не е познато дали има жртви, но најмалку 25 луѓе се повредени.