Џејмс Матис и Џон Кели се новите министри на САД за одбрана и за внатрешна безбедност


Вашингтон, 21 јануари 2017 (МИА) - Пензионираните генерали Џејмс Матис и Џон Кели положија заклетва пред новиот потпретседател на САД, Мајк Пенс како идни министри за одбрана, односно за внатрешна безбедност.
Претходно американскиот Сенат со мнозинство гласови ја одобри нивната кандидатура и тие станаа првите официјално именувани членови на Владата на претседателот Доналд Трамп.
Шеесет и шест годишниот Матис, кој е поранешен генерал на морнарицата, е еден од наједногласно одобруваните личности во администрацијата на новиот шеф на државата. Тој учествувал во операцијата „Пустинска бура“ во Персискиот залив и во операции во Авганистан и Ирак. Од 2010 година па се до неговото пензионирање во 2013 година тој ја предводел Централната команда на вооружените сили на САД.
Кели, исто така, е 66-годишен генерал на морнарицата. Негова последна функција во 45-годишната воена кариера била командант на Јужната команда, во чија зона на одговорност се вбројува и затворот Гвантанамо, за чие затворање тој бил против.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...