Женски марш против Трамп ширум светот

Сиднеј, 21 јануари 2017 (МИА) - Повеќе илјади демонстранти во Австралија и Нов Зеланд се приклучија на Женскиот марш, кој се организира денеска ширум светот во знак на протест поради новиот американски претседател Доналд Трамп.
Во Мелбурн се собраа околу 5.000 жени и мажи, додека во Сиднеј околу 3.000 луѓе во Хајд паркот, од каде ќе заминат кон американскиот Конзулат.
Демонстрантите носат пароли на кои пишува „Се тепам како девојче“ и „Феминизмот е мојот одговор за Трамп“.
Една од организаторките Минди Фрејбанд изјави дека не се протестира лично против Трамп, туку против говорот на омраза, ксенофобијата, а Женскиот марш се организира со цел да се претстави заедничкиот став на сите жени ширум светот.
Претходно околу 2.000 луѓе мирно маршираа во четири градови на Нов Зеланд.
Во текот на денешниот ден се планирани околу 673 маршеви во светот, како и главниот протест во Вашингтон, каде се очекуваат повеќе од два милиона луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...