Астана, 22 јануари 2017 (МИА) – Главната цел на преговорите за Сирија во Астана ќе биде утврдување на договорениот прекин на огнот од 29 декември 2016 година.
– Нови иницијативи не се планирани. Ќе стане збор за потврдување на договорите за примирје. За таа цел веќе се направени чекори, наведе дипломатски извор.
Преговорите за Сирија во главниот град на Казахстан ќе се одржат на 23 и 24 јануари. Учество во нив потврдија седум страни – владата и опозицијата на Сирија, Русија, Турција, Иран, САД и специјалниот пратеник на ОН за сирија, Стафан де Мистура, соопшти Министерството за надворешни работи на Казахстан.