Путин и Трамп се договорија за првата средба

Вашингтон, 29 јануари 2017 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа остварија телефонски разговор, при што зборуваа за ситуацијата во Сирија, Украина и нуклеарната програма на Иран, соопшти Кремљ.

Двјацата лидери се договориле да работат на одредувањето на времето и местото за нивната средба, како и да бидат во постојан контакт.

Кремљ наведе, дека во текот на разговорот не се споменало намалување на санкциите на САД против Русија.

Путин му ја честитал победата на Трамп на претседателските избори.

Рускиот и американскиот претседател се согласиле дека е приоритет соединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.

Двајцата се истомисленици за користа од координирањето на руските и американските акции во борбата против Исламската држава и другите терористички организации во Сирија.

Кремљ соопшти дека Путин и Трамп ја нагласиле важноста за обновување на трговските и економските врски меѓу двете земји.

По разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел, што траеше 45 минути, претседателот на САД разговара со третиот од петте лидери, претседателот на Русија Путин, напиша претходно портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер на неговиот Твитер налог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...