Иранскиот режисер Асгар Фархади нема да присуствува на доделувањето на Оскар

Белград, 30 јануари 2017 (МИА) - Иранскиот оскаровец, режисерот Асгар Фархади нема да присуствува на свеченоста на доделувањето на Оскар закажана за 26 февруари во Лос Анџелес заради најновите забрани за издавање визи кои ги потпиша американскиот претседател Доналд Трамп.
Филмот на Фархади „The Salesman“ е номиниран во категоријата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Фархади во изјавата на иранските медиуми напомена дека планирал да присуствува на свеченосота во Лос Анџелес, но тој бил приморан да ја промени одлуката, поради неизвесноста околу издавањето визи.
Трамп во петокот со декрет на 90 дена забрани издавање визи за влез во САД за државјаните на седум земји. Станува збор за Иран, Ирак, Судан, Либија, Јемен, Сомалија и Сирија, со тоа што влезот на сириските државјани е забранет на неодредено време.
Со истиот декрет Трамп на 120 дена го прекина спроведувањето на Програмата на САД за прием на бегалци, додека не се утврди од која земја можат да се примат, но после темелни проверки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...