Белата куќа поддршка на Мајкл Флин околу неговите контакти со Русија

Вашингтон,13 февруари 2017 (МИА) - Белата куќа во текот на викендот одби да му даде поддршка и да го одбрани, советникот за национална безбедност во САД, Мајкл Флин, околу контроверзите за неговите контакти со Русија, забележуваат американските медуми.
Флин го обвинуваат дека со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак разговарал телефонски за санкциите кон Русија.
Разговорот бил направен во текот на декември, минатата година, пред влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, но какви и да биле разговорите со рускиот амбасадор, тие претставуваат повреда на законот, затоа што во тоа време едно приватно лице, како што тогаш беше Флин, разговарал за прашања поврзани со надворешната политика.
Тој првично тврдеше дека не разговарал за санкциите, а подоцна дека не се сеќава на деталите.
Освен Флин и потпретседателот Мајк Пенс претходно ги демантираше тврдењата изнесени во медиумите дека со Кисљак се зборувало за санкциите што САД ги има воведено против Русија поради интервенцијата во Украина и хакирањето на Демократската партија во текот на претседателската изборна кампања.
Но „Вашингтон Пост“ тврди дека десетмина високи функционери на републиканската администрација, потврдиле дека Флин разговарал и за укинувањето на санкциите.
Во текот на изминатиот викенд, во десетина јавни обраќања на главниот советник на Белата куќа Стив Милер, одби да одговори на прашањата за тоа што всушност разговарал Флин со Кисљак, но и да го одбрани од критиките.
Милер се бранеше дека „не е негова работа да коментира чувствителни прашања“ кои се однесуваат на Флин.
Засега нема никаков коментар ниту од претседателот Доналд Трамп, кој целиот викенд беше на својот имот во Флорида.
Американските медиуми откриваат дека Мајкл Флин целото тоа време бил со претседателот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...