Пекинг: САД да не го загрозуваат соверенитетот и безбедноста на Кина

Пекинг, 15 февруари 2017 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Кина го предупреди денеска Вашингтон да не го оспорува суверенитетот на земјата, а со тоа одговори и на наводите дека САД планираат воени патроли на спорното Јужно Кинеско Море.
Портпаролот на кинеското Министерство Генг Шуанг истакна дека тензиите во Јужното Кинеско Море се стабилизирани благодарение на интензивната соработка на Кина и земјите од југоисточна Азија, и ги повика странските земји, вклучително и САД, да го почитуваат тоа.
- Ги повикуваме САД да не преземаат никакови акции што го загрозуваат сиверенитетот и безбедноста на Кина, истакна Генг на прес-конференцијата.
Американскиот весник „Нејви тајмс“ објави денеска, повикувајќи се на неименувани воени претставници, дека раководството на американската морнарица и Пацифичката команда ја разгледуваат можноста да воведат патроли во прометните води на Јужното Кинеско Море, во согласност со принципот на слободно пловење, а патролата да биде спроведена од страна на офанзивните групи на носачи на авиони „Карл Винсон“ од базата во Сан Диего.
САД, последен пат изведоа операција на слободно пловење во таа област во октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...