ФБИ не предвидува обвинување против Мајкл Флин за разговорите со Русија

Вашингтон,17 февруари 2017 (МИА) - Американското Федерално биро за истражување (ФБИ) не предвидува да се покрене обвинување против доскорешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, во врска со неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор, пред влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа- јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава на висок функционер на Бирото.
Флин беше сменет од претседателот на САД , на почерокт од оваа недела, откако призна дека ја „сокрил„ од потпретседателот Мајк Пенс информацијата за разговорите што во текот на декември ги имал со амбасадорот на Русија, Сергеј Кисљак.
Функционери во Белата куќа, претходно, потврдија дека Флин ,сепак, разговарал телефонски со Кисљак и за санкциите на САД кон Русија, откривајќи на тој начин дека советникот на претседателот го излажал потпретседателот.
Пенс во јавноста на САД излезе „насамарен„ затоа што пред Нова година, тој на неколкупати тврдеше дека Флин со Русите не зборувал за санкциите, уверувајќи дека за тоа со Флин имал „искрен разговор„.
Според американскиот закон, приватни лица ( а во декември Флин немаше никаква службена функција) не смеат да разговараат (со странски функционери) за работи поврзани со државната политика на САД.
Податоците кои сега се достапни во јавноста сугерираат дека Флин го прекршил законот, особено што кога бил испрашуван од ФБИ тој ги излажал и истражнте органи.
Си-Ен-Ен вели дека кога истражителите повторно рашале дали е сигурен во одговорот оти не зборувал со амбасадорот за санкциите, Флин рекол дека „повеќе не се сеќава за што се разговарал„.
Оценката на ФБИ е дека Мајкл Флин бил „кооперативен„ во текот на испрашувањето и дека давал точни одговори, па заклучокот е дека доскорешниот советник, не ги измамил истражнте органи.
Истрагата околу случувањата со Флин кој беше на својата функција само три недели, не е затворена и дека ФБИ продолжува да испитува што се има околу комуникацијата на советникот на новиот претседател со Русите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...