Обид за кражба телото на убиениот Ким Џонг-нам

Куала Лумпур, 22 февруари 2016 (МИА) - Малезиските власти соопштија денеска дека бил извршен обид за упад во мртовечницата каде се наоѓа телото на убиениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам.
Обидот да се украде телото бил извршен во текот на испитувањата на експертите за утврдување на точната причина за неговата смрт.
Во изјава за локалниот весник „Малај Мејл“, шефот на малезиската полиција Халид Абу Бакр вели дека по тој инцидент биле воведени дополнителни безбедносни мерки во болницата каде почина Ким.
Според претходните најави во локалните медиуми, денеска требаше да бидат објавени резултатите од испитувањата на форензичарите, но Бакр вели дека експертите само прават дополнителни тестови.
Ким Џонг-нам беше убиен минатиот понеделник на аеродромот во Куала Лумпур кога неговото лице било испрскано со „некоја отровна суспстанца“.
Властите во Куала Лумпур се сомневаат дека зад убиството на постариот полубрат на актуелниот севернокорејски лидер стои режимот во Пјонгјанг.
Соопштението за обид за упад во мртовеницата и за кражба на телото на Ким доаѓа откако полицијата потврди дека како осомничени за убиството сега се водат и еден висок функционер на Амбасадата на Северна Кореја во Малезија и претставникот на севернокорејскиот државен авиопревозник „Ер Корио“.
Полицијата соопшти дека и двајцата се наоѓаат во Малезија и дека властите побарале од севернокорејскиот амбасадор да дозволи тие да бидат сослушани.
Досега никој од семејството на убиениот Ким Џонг-нам не се јавил до малезиските власти за преземање на неговото тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...