Ким Џонг-нам убиен со смртноносен нервен агенс Ве-Икс

Куала Лумпур, 24 февруари 2017 (МИА) - Малезиската полиција соопшти денеска дека полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам е убиен со хемиски нервен агенс Ве-Икс (VX), кој е пронајден во неговото тело и сега истражува како таа хемикалија влегла во земјата.
Станува збор за еден од најсмртоносните хемиски оружја, кое е создадено од човек, а САД го класифицираат како оружје за масовно уништување.
Само 10 милиграми од тој нервен агенс или една капка може да убие за неколку минути, наведуваат експертите.
Ве-Икс е без вкус и мирис, така што личноста која е изложена на него воопшто не е свесна за тоа и тешко можат да го детектираат аеродромските сензори, доколку се внесе во мали количини.
Симптомите по контактот со Ве-Икс во форма на испарување се појавуваат по неколку секунди и траат до 18 часа по изложувањето на тој агенс во течна состојба, појаснуваат експертите.
Ве-Икс, кој по текстура потсетува на маслиново масло, прв пат е произведен во Велика Британија во 50-те години од минатиот век, а може да предизвика грчеви и тресење на телото, губење на свеста, парализа и задушување во рок од неколку минути.
Тешко се произведува, но се знае дека неколку земји го произведуваат и поседуваат, а САД и Русија се уште имаат резерви од овој нервен агенс.
Ким Џонг-нам (46) е убиен на 13 февруари на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур со отров со брзо дејство додека се подготвувал да се качи во авион за Мароко, каде живеел во егзил со семејството, под заштита на Пекинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...