Сирија: Одговорноста за нападите во Хомс ја презеде фронтот Фатех ал Шам

Бејрут, 25 февруари 2017 (МИА) - Сирискиот фронт Фатех ал Шам ја презеде одговорноста за денешните самоубиствени напади во Хомс, што се наоѓа на 165 километри од Дамаск.
Според наводите на Фатех ал Шам петмина нејзини припадници учествувале во два напади во центарот на градот.
При два бомбашки напади извршени од бомбаши-самоубијци во штабот на владините безбедносни сили во градот Хомс во централна Сирија убиени се најмалку 42 лица, а десетици се повредени, јави сириската државна телевизија.
- Во зградата во центарот на третиот по големина град во земјата се наоѓаат канцелариите на службата за државна безбедност и на военото разузнавање на режимот на Башар ал Асад, изјави Рами Абдел Рахман, директорот на Сириската опсерваторија за човекови права.
Рахман наведе дека во нападот учествувале најмалку шест лица.
Освен експлозиите се слушало и пукање, а при нападите бил убиен и висок офицер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...