Преговорите за Сирија во Астана помогнаа за заживување на преговорите во Женева

Алмати, 27 февруари 2017 (МИА) - Преговорите за зајакнување на сириското примирје, што се одржаа оваа година во Казахстан, помогнаа за заживување на преговорите во Женева што се водат со посредништво на ОН, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
- Беше создаден механизам за контрола на примирјето, што е најважно. Тоа е основата што овозможи да се обноват преговорите во Женева, истакна Путин за време на посетата во Казахстан.
- Русија се надева дека сириската опозиција ќе состави заедничка делегација за мировните преговори во Женева, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов.
Богданов додаде дека и курдите треба да учествуваат во преговорите.
ОН ги отвори сириските мировни преговори на церемонија во четвртокот.
Сириските бунтовнички групи, кои се поддржани од Турција, влегле во судири со владините сили во северниот дел на Сирија.
Ова е втора ваква конфронтација во регионот во текот на последните недели.
Сириската слободна армија соопшти синоќа дека судирите се случиле јужно од градот Ал Баб, близу до градот Тадеф.
Бунтовниците од Сириската слободна армија и сириската владина војска, што се поддржани од Турција, се борат против Исламската држава во одделни операции во реонот североисточно од Алепо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...