Ирачките сили зазедоа стратешки важен мост во Мосул

Мосул, 27 февруари 2017 (МИА) - Ирачките сили, кои имаат поддршка од САД, го зазедоа денеска најјужниот мост во Мосул, преку реката Тигар, се наведува во соопштение на армијата.
Станува збор за еден од петте мостови преку Тигар, од кои сите се оштетени во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.
Кога ќе биде поправен мостот ќе им овозможи на ирачките сили да доведат воени зајакнување и да внесат резерви од источните делови на градот, со што се создава дополнителен притисок врз џихадистите во западниот дел на градот.
Ирачките сили вчера продолжија да навлегуват подлабоко кон западниот дел на Мосул за да го заземат мостот преку Тигар и да го поврзат источниот брег на реката, кој е под контрола на Владата со западниот брег, каде во тек е офанзива на преостанатите џихадисти.
Ирачките сили го зазедоа источниот дел на Мосул во јануари, по сто денови борба, а нападот на окрузите западно од Тигар го покренаа пред една недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...