Џорџ Буш контра Доналд Трамп за односот кон медиумите

Вашингтон, 28 февруари 2017 (МИА) - Поранешниот американски претседател Џорџ Буш денеска ги критикуваше изјавите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп дека медиумите се „непријател на американскиот народ“.
-Јас сметам дека медиумите се незаменливи за демократијата, рече Буш гостувајќи во емисијата „Денес“ на телевизијата Ен-Би-Си (НБЦ).
Влијателниот советник на Трамп, Стив Бенон, медиумите ги смета за „спротивставена страна“, а Буш коментирајќи го овој негов став, истакна дека моќта може да биде многу заразна и дека е многу важно медиумите да ги повикаат на одговорност луѓето кои ќе ја злоупотребат својата моќ.
Буш, исто така, рече дека коментарите на Трамп за медиумите ги поткопуваат напорите на САД за промоција на демократијата и слободата на печатот во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...