Протерување: Севернокорејскиот амбасадор во рок од 48 часа да ја напушти Малезија

Куала Лумпур, 4 март 2017 (МИА) - Малезија соопшти дека за персона нон грата го прогласила амбасадорот на Северна Кореја во земјата и дека му дала рок од 48 часа да си замине, пренесоа светските агенции.

Овој дипломатски чекор беше преземен приближно три недели откако Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг- ун, беше убиен на аеродромот во Куала Лумпур во напад со невротоксичен материјал.

Американски и јужнокорејски претставници изјавија дека Ким Џонг-нам бил убиен од агенти на севернокорејскиот режим.

Кан Чол, амбасадорот на Северна Кореја во Малезија, изјави дека неговата земја не може да му верува на начинот на кој малезиските власти ја водат истрагата за смртта на Ким Џонг-нам. Тој, исто така, ја обвини Малезија дека шурува со надворешни сили, премолчено упатувајќи на Јужна Кореја.

Малезискиот шеф на дипломатијата, Анифа бин Хаџи Аман, изјави дека Малезија побарала извинување од амбасадорот за неговите зборови, но дека тој тоа не го сторил.

-Малезија решително ќе реагира на секоја навреда, направена против неа, или на секој обид за нарушување на нејзината репутација, се наведува во изјавата на министерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...