Снежна бура го погоди североисточниот дел на САД, откажани се повеќе летови

Њујорк, 14 март 2017 (МИА) - Снежна бура го погоди денеска североисточниот дел на САД, поради што се откажани повеќе летови, а властите им препорачаа на луѓето да останат во своите домови.
Државните училишта на различни места, меѓу кои Њујорк, Бостон, Вирџинија и Филаделфија се затворени.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура во региони во осум сојузни држави, вклучувајќи ги Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Конектикат.
Според прогнозите до утре изутрина ќе се формира снежна покривка до 60 сантиметри, а температурите се меѓу 15 и 30 степени под вообичаните за овој период од годината.
Предупредувањата за невремето се издадени во региони долж источното крајбрежје на САД, со вкупно население од околу 50 милиони лица.
Авиокомпаниите откажаа над четири илјади летови пред да надојде бурата, покажуваат податоците на сајтот за следење на летовите FlightAware.com.
Поради невремето планираната посета на германската канцеларка Ангела Меркел на Вашингтон е откажана за в петок.
Седиштето на Обединетите нации денеска нема да работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...