Во Астана почна нов круг преговори за решавање на конфликтот во Сирија

Астана, 14 март 2017 (МИА) - Во главниот град на Казахстан, Астана денеска почна третиот круг од преговорите за Сирија.
Вооружената опозиција ги бојкотира преговорите. Претходните два круга од преговорите, кои се водат под покровителство на Русија и Иран, сојузници на режимот во Дамаск и Турција, поддржувач на опозицијата, не донесоа некои конкретно решение, освен кревкото примирје, кое постојано е нарушувано, пренесува БТА.
Раководителот на делегацијата на сириската Влада, Башар ал Џафари ја осуди одлуката на бујнтовниците да ги бојкотираат преговорите.
- Напредок може да биде постигнат и покрај нивното отсуство, истакна тој, упатијќи критика поради непостојаноста на нивните политички позиции.
Џафари истакна дека учесниците во преговорите во Астана ќе разговараат за „разграничувањето на опозицијата од терористите“, барање, кое режимот во Дамаск повеќе пати го упатил до бунтовниците.
Портпаролот на опозицијата Усама абу Зејд го оправда бојкотот поради „неисполнување на ветувањата за прекин на воените дејствија“.
Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура изрази очекување дека во Астана ќе бидат разгледани борбите со тероризмот и размената на заробеници и затвореници.
Де Мистура ги повика сириската Влада и опозицијата на петтиот круг од преговорите под покровителство на ОН во Женева, кој ќе почне на 23 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...