Во Сирија од почетокот на војната убиени се 814 медицински лица

Париз, 15 март 2017 (МИА) - Најмалку 814 медицински лица се убиени во Сирија од почетокот на војната во 2011 година, а минатата година зачестија нападите врз објектите за лекување од страна на сириските владини војници и нивните руски сојузници, покажува истражувањето објавено во британското медицинско списание „Лансет“ и цитирано од светските агенции.
„2016 е досега најопасната година за здравствените работници во Сирија, каде нападите врз нив и натаму траат", пишува еден од авторите на истражувањето, д-р Самер Џабур оф Американскиот универзитет во Бејрут.
Истражувањето го изведоа група истражувачи, меѓу кои има и членови на Американско-сириското медицинско здружение. Тие посочуваат дека сириската Влада и нејзините руски сојузници систематски ги напаѓаат здравствените структури.
„Оваа стратегија е употребена во непотребно големи размери од страна на сириската Влада и нејзините сојузници“, пишуваат авторите.
Резултат на тоа се стотици убиени медицински лица и стотици други фрлени по затворите или мачени.
Нападите врз здравствените објекти се зголемија од 91 во 2012 година на 199 во 2016 година. Од нив 94 отсто се извршени од сириската Влада и нејзините сојузници, вклучувајќи ја Русија, се наведува во истражувањето.
Светската здравствена организација коментира дека војната во Сирија, во која досега загинаа над 320.000 лица, е најголемата криза од хуманитарна гледна точка, како и од гледна точка на бегалците, додаваат француските медиуми.
Авторите на истражувањето пишуваат дека Сирија е само врвот на ледениот брег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...