Претседателските избори во Јужна Кореја ќе се одржат на 9 мај

Сеул, 15 март 2017 (МИА) - Во Јужна Кореја на 9 мај ќе се одржат претседателски избори, откако досегашната претседателка Парк Геун-хе беше разрешена минатиот петок поради корупциски скандал, јави Јонхап.
Премиерот Хванг Кјо-ан, кој стана в.д. претседател во декември, кога Парламентот времено ја отстрани од должноста Парк Геун-хе, изјави дека нема да се кандидира на изборите.
Парламентот во декември гласаше за импичмент на Парк, откако повеќе недели милиони Јужнокорејци излегоа на протести со барање за нејзина оставка поради вмешаност во корупциски скандал.
Уставниот суд во петокот донесе конечна одлука за нејзино отстранување од функцијата, потврдувајќи ја со тоа одлуката на Парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...