Кина се залага за мир во Јужно Кинеско Море и за решавање на споровите со дијалог

Пекинг, 15 март 2017 (МИА) - Кинеската Влада се заложи за мир и стабилност во Јужно Кинеско Море и за решавање на територијалните спорови преку дијалог, изјави денеска кинескиот премиер Ли Кичијанг на прес конференција по годишната сесија на Секинеското собрание на народни претставници (Парламентот), пренесе ТАСС.
-Се надеваме дека ќе видиме траен мир и стабилност во Јужно Кинеско Море. Уверени сме дека споровите треба да бидат разгледувани и решавани преку дијалог меѓу директно засегнатите држави во овие спорови, забележа тој.
Ли Кичијанг, исто така, изјави дека кинеската Влада со оптимизам гледа на односите со ЕУ и ги поддржува интеграциските процеси во Европа.
-Сакам да подвлечам дека Кина секогаш ја поддржувала и ќе ја поддржува единствената, просперитетна и стабилна Европска Унија. Кина, исто така, го поддржува силниот курс на еврото и интеграциските процеси во Европа, додаде тој.
Според него, тензиите на Корејскиот Полуостров може да доведат до конфликт и повика на дијалог за нивното намалување, пренесоа британските меидуми.
-Кина сака Корејскиот Полуостров да биде ослободен од нуклеарно оружје и ги повикува сите земји во корејскиот нуклеарен спор да ги обноват преговорите, изјави Ли, цитиран од американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...