Кралот на Мароко го смени премиерот, кој веќе пет месеци не успеа да состави Влада

Рабат, 16 март 2017 (МИА) - Кралот на Мароко Мохамед Шести објави дека го сменил премиерот Абдеалилах Бенкиран, кој е од умерената исламистичка Партија на правдата и развојот и оти на негово место ќе назначи друг претставник на истата партија.
Кралот му даде задача на Бенкиран да состави нова влада на 10 октомври минатата година, откако Партијата на правдата и развојот победи на парламентарните избори.
Партијата освои 125 места во 395-члениот Парламент. Втора беше Партијата за автентичност и модернизација со 102 места, а на трето место конзервативната партија „Истиклјал“ (Независност) со 46 места.
До овој момент Бенкиран сепак не успеал да состави влада.
Во соопштение на кралската канцеларија, објавено доцна синоќа се посочува дека консултациите, кои Бенкиран ги водел пет месеци не доведе до формирање владино мнозинство.
Засега не е објавено името на новиот премиер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...