Трамп го претстави буџетот „Америка на прво место“

Вашингтон, 16 март 2017 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп претстави денеска нацрт буџет каде е предвидено зголемување за 54 милијарди долари за расходи за одбрана и соодветно намалување на расходите во Сејт департментот, неколку министерства, .Агенцијата за зачувување на животната средина и редица федерални програми.
– Тоа ќе биде буџет што ја става Америка на прво место и е приоритет број еден за безбедноста на нашите граѓани бидејќи без сигурност не може да има просперитет, изјави Трамп.
Средствата за МО се зголемени за 10 отсто до 639 милијарди долари. Базниот буџет е 574 милијарди долари плус 65 милијарди долари за воени операции во странство.
Зголемувањето е највисоко од времето на Реган во 80-те години на минатиот век.
Министерството за внатрешна безбедност ќе добие за 6,8 отсто повеќе средства – 44,1 милијарда долари меѓу кои и 1,5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико за оваа година. За идната се планирани дополнителни 2,6 милијарди долари.
Средствата за заштита на околината се намалени за 31 отсто, на Стејт департментот за 28 отсто...
Над 3.000 луѓе во Агенцијата за заштита на животната средина ќе ја загубат работата, а голем број програми за борба со климатски промени ќе бидат ликвидирани.
Предвидено е и намалување за 650 милиони долари за меѓународни организации како Светска банка. Финансирањето на Корпорацијата за јавна радио и телевизиска дифузија (Corporation for Public Broadcasting) кои помагаат финансирање на државно радио и телевизија е сведено на нула.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...