УНИЦЕФ: До 2040 година 600 милиони деца ќе бидат без вода за пиење

Њујорк, 22 март 2017 (МИА) - Во денешниот извештај на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) се наведува дека до 2040 година во просек едно од четири деца ќе живее во региони каде има екстремен недостиг на вода.
По истражувањето, што беше објавено на Светскиот ден на водата, ОН предупредија дека за нешто повеќе од две децении речиси 600 милиони деца ќе живеат во региони каде има сериозен недостиг на вода за пиење.
Во извештајот се наведува дека повеќе од 36 земји се соочуваат со прекумерен недостиг на вода.
Според УНИЦЕФ, децата можат да бидат изложени на дехидрација поради растечките температури и големата суша, додека дождовите и поплавите можат да ги уништат санитарните структури и да доведат до појава на болести како што е колерата.
Повеќе од 800 деца помлади од пет години секојдневно умираат поради дијареа предизвикана од лошите санитарни услови и недостигот на вода за пиење, стои во извештајот.
Сушата и конфликтите се фактори за недостиг на вода во делови на Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.
На повеќе од 1,4 милиони деца од тие региони исто така им се заканува „непосреден ризик од смрт“ поради глад.
Проценката на УНИЦЕФ покажува дека повеќе од девет милиони лица немаат пристап до вода само во Етиопија.
- Без вода, ништо не може да расте, изјави генералниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк, додавајќи дека недостигот на вода ја загрузува иднината на милиони деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...