Најмалку 400 илјади деца во Авганистан нема да одат на училиште во 2017 година

Kабул, 24 март 2017 (МИА) – Повеќе од 400 илјади деца во Авганистан се очекува да се откажат од школо во 2017 година поради зголемена нестабилност во државата и принудните враќања на авганистански бегалци од Пакистан, соопшти организацијата Спасете ги децата.
– За децата кои нема да одат на училиште постои зголемен ризик за рано стапување во брак, принудна работа или регрутирање во вооружени групи како да бидат жртви на шверц со деца, наведе организацијата во соопштение.
Според нив, повеќе од 600 илјади Авганистанци беа приморани да се вратат од Пакистан во 2016 година и околу еден милион ќе се вратат оваа година.
– Повеќе од половината деца кои ќе се вратат ќе бидат надвор од школо, и најчесто ќе работат на улица, наведе Спасете ги децата.
Конфликтот исто така приморал повеќе од 1.000 училишта да бидат затворени.
Пред извесно време и податоците за децата кои посетуваат настава беа доведени во прашање. Во декември министерот за образование Асадулах Балки наведе дека податоците објавени претходно од Владата и меѓународни организации се неточни.
- Наместо 11,5 милиони,колку што беше соопштено, само нешто повеќе од шест милиони деца во моментот се во училишта во Авганистан, нагласи Балки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...