Кенеди како млад бил „фасциниран“ од Хитлер

Њујорк, 24 март 2017 (МИА) - Поранешниот американски претседател Џон Кенеди, како млад бил „фасциниран“ од германскиот нацистички водач Адолф Хитлер, открива неговиот приватен деневник, чии детали првпат се појавуваат во медиумите во САД.
Кенеди имал 28 години кога патувал низ Европа во летото 1945 година, отако ја напуштил американската војска во која бил вклучен во текот на Втората светска војна како припадник на морнаричките сили на Пацификот.
Во својот дневник, тогаш тој напишал дека Хитлер „ќе исплива на површината од омразата со која сега е опфатен, како еден од најзначајните личности кој кога било живееле“.
Дневникот за кој историчарите веруваат дека е единствен што го има водено младиот Кенеди, ќе се појави на аукција во Бостон на крајот од идниот месец.
Единствениот примерок досега го имала кај себе Дердре Хендерсон, која работела за Кенеди како помлад истражувач во времето кога тој биле сенатор на САД со нескриени амбиции да стане претседател.
Во дневникот младиот Кенеди зборува за „безграничните амбиции“ на Хитлер за него и за неговата земја, кои му наштетиле на светскиот мир, но и за мистериите што ги опкружувале неговиот живот и смрт.
Дневникот и бил предаден на Хендерсон за да се информира за неговите погледи за надворешната политика и безбедноста.
Таа сега го брани Кенеди дека „фасцинацијата“ од младоста се однесувала на мистериите што го опкружувале нацистичкиот лидер, а не од злосторставата што ги има предизвикано.
- Никаде и со ниту еден збор нема индикации за симпатија за нацистичките злосторства или за нацизмот, изјави Хендерсон.
Џон Кенеди во јануари 1961 година влезе во Белата куќа како 35-от американаки претседател. Во ноември 1963 година, тој беше убиен во атентат во Далас во сојузната држава Тексас.
Неговиот татко Џозеф Кенеди, богат Ирец од Бостон, беше амбасадор на САД во Велика Британија во предвечерието на Втората светска војна и во тој период од историчарите е означуван како „нескриен“ симпатизер за германскиот нацистички лидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...