Стопирана ирачката офанзива против ИД во Мосул поради големиот број цивилни жртви

Багдад, 25 март 2017 (МИА) - Обединетите нации изразија длабока загриженост денеска од информациите за трагичниот инцидент во битката за ирачкиот град Мосул, во која загинаа голем број цивили.

- Шокирани сме од ова ужасна бројка на жртви, наведе во специјалната изјава Лиз Гранд, хуманитарен координатор за Ирак.
Локалните власти и жителите изјавија во четвртокот дека десетици лица биле погребани под урнатините на разурнати згради по воздушниот напад врз џихадистите од Исламска држава во квартот Ал Агхаварт ал Џадида. Нападот минатата недела предизвика голема експлозија и се уште се вадат тела од под урнатините.
Ирачките владини сили објавија денеска стопирање на кампањата за преземање на западниот дел на Мосул, поради високиот број цивилни жртви.
Над 200 илјади лица ги напуштиле домовите поради битката за протерување на ИД од Мосул.
Офанзивата против ИД во Мосул трае околу шест месеци. Источниот и половина од западниот дел на градот веќе се под ирачка контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...