Почнуваат преговори за забрана на нуклеарното оружје

Њујорк, 27 март 2017 (МИА) - Во седиштето на ОН во Њујорк денеска почнуваат преговорите за постигнување договор за забрана на нуклеарното оружје, на кои учествуваат претставници на над сто држави.
Иницијаторите на овие преговори, кои се без преседан во досегашната историја, велат дека тие имаат за цел да се усвои правно обврзувачки документ, со што ќе се намали ризикот од нуклеарна војна меѓу големите сили.
Одлуката за отпочнување на овие преговори беше донесена во октомври минатата година со поддршка од 123 земји членки на ОН. Меѓутоа зад оваа иницијатива не застанаа нуклеарните сили, па така САД, Франција, Израел, Велика Британија и Русија гласаа „против“, а Кина, Индија и Пакистан се воздржаа од гласање.
Дури и Јапонија, која е единствената земја во светот кој преживеа нуклеарен напад, гласаше против иницијативата, со образложение дека не постои консензус за таков договор и дека прегоовирте само „ќе го саботираат напредокот во нуклеарното разоружување“.
Како главни поддржувачи и иницијатори на преговорите се јавија Австрија, Ирска, Бразил, Јужна Афика, Мексико и Шведска, кои беа поддржани од голем број невладини организации.
Во услови на зголемени тензии поради зачестените нуклеарни тестови на Северна Кореја, предлагачите на прегооврите биле поттиканати од успехот на иницијаторите за донесување на конвенциите за забрана на касетните бомби, од 2008 година, и на противпешадиските мини, од 1997 година.
- Да не бидеме наивни. За ова ќе биде потребно многу време. Сепак ова е многу важно, посебно во услови кога сме сведоци на секаква реторика и демонстрација на сила, вклучително и на закани за употреба на нуклеарно оружје, изјави минатата недела во Њујорк шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром.
Според неа, ваквата иницијатива е израз на „чувството на фрустрација“ поради немоќта да се справиме со заканите од нуклеарното оружје.
- Многу земји велат дека треба да излеземе од ќорсокакот во врска со ова прашање, во кој се наоѓаме со години, додаде Валстром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...