Јапонија: ЛДП бара од премиерот да ја зајакне ракетната одбрана

Токио, 30 март 2017 (МИА) - Владејачката партија во Јапонија денеска апелираше до Владата на премиерот Шинѕо Абе да го разгледа зајакнувањето на способноста да ги погоди непријателските бази и да ја зајакне ракетната одбрана, во време кога Северна Кореја им пркоси на санкцките на ОН за нуклеарен и ракетен развој.
- Провокациите од Северна Кореја дојдоа на ниво на кое нашата земја не може да ги зенемари. Не можеме да си дозволиме да губиме време додека не ја зајкнеме нашата балистичка ракетна одбрана, соопшти Либералната демократска партија (ЛДП) на Јапонија, за предлогот на Абе.
Се наведува дека апелот на партијата подразбира јапонската Влада што поскоро да почне да го разгледува зајакнувањето на можноста за погодување на непријателската ваза, со помош на крстачки ракети, со цел да се зголемат застрашувачките ефекти од сојузот на Јапонија и САД.
- Ова не е предлог за превентивни напади, туку за противнапади со цел да се спречи друго лансирање (на ракета), нагласи претставникот на ЛДП и поранешен министер за одбрана на Јапонија Ицунори Онодера.
ЛДП исто така ја повика јапонската Влада што поскоро да го разгледа воведувањето на напреден противракетен систем како што се „Егис Ашор“ и „ТХААД“ и да се забрза технолошкиот развој на за раководење со јапонските сателити за рани предупредувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...