На Филипини убиен еден од водачите на „Абу Сајаф“

Манила, 12 април 2017 (МИА) - Лидерот на вооружена група „Абу Сајаф“, кој директно учествувал во грабнувања и егзекуција на канадски и германски државјани, вчера загина во борби со војници на филипинската армија, соопшти денеска армијата, цитирана од британските медиуми.
Филипинските војници убија најмалку шестмина членови на групата „Абу Сајаф“, поврзана со Исламска држава. До престрелката дошло на популарниот туристички остров Бохол. Во борбите загинале и четворица војници.
Еден од убиените борци е Муамар Аскали, попознат како Абу Рами, поранешен порпарол на „Абу Сајаф“, група која често пати извршувала киднапирања заради барање откуп.
Групата минатата година ги обезглави канадските државјани Џон Ридсел и Роберт Хол. Таква беше и судбината на Германецот Јирген Кантнер, кој беше убиен во февруари затоа што не беше платен бараниот откуп од 600 000 долари.
Според армијата, Абу Рами сакал да киднапира туристи во Бохол за време на Страсната недела, но неговите планови биле осуетени.
Амбасадите на САД, Канада, Австралија и Велика Британија упатија предупредувања до своите државјани да не патуваат во Себу и Бохол во текот на велигденските празници заради опасноста од киднапирања.
Началникот на Генералштабот на филипинската армија, Едуардо Ано, изјави дека ситуацијата во Бохол е нормализирана, иако војската се уште трага по неколкумина борци на „Абу Сајаф“, кои учествувале во престрелката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...