Најмалку 140 авганистански војници убиени во напад на талибанците врз воена база

Кабул, 22 април 2017 (МИА) - Најмалку 140 авганистански војници се убиени во вчерашниот напад на талибанците, врз воена база во градот Мазар и Шариф, во северен Авганистан, соопштија авганистанските власти.

Претставник на властите изјави дека има многу ранети, поради што постои можност бројот на жртвите да се зголемува. Изворот побарал да остане анонимен, со оглед на тоа дека Владата се уште не изнела официјални податоци за загинатите.

Американски претставник вчера од Вашингтон соопшти дека над 50 лица се убиени во нападот.

Подоцна авганистански извор нагласи дека во нападот се убиени 50 и ранети 76 лица, но бројот на жртвите може да се зголеми.

Околу десетмина талибанци, облечени во униформи на авганистанската армија и со воени автомобили, упаднале вчера во базата и отвориле оган врз војниците, од кои дел јаделе во мензата или излегувале од џамијата по петочната молитва.

Напаѓачите користеле рачни противтенковски мини и автоматски пушки.

Портпаролот на талибанците изјави денеска дека нападот бил одмазда за неколку високи талибански команданти, кои неодамна беа убиени во Северен Авганистан.

Мазар и Шариф е главен град на провинцијата Балх.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...