Тилерсон: Руските активности во Украина се пречека за подобри односи со САД

Вашингтон, 24 април 2017 (МИА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во телефонски разговор со украинскиот претседател, Петро Порошенко, изјави дека активностите на Русија во источна Украина се пречка за подобрување на односите меѓу САД и Русија, пренесоа француските медиуми.
- Во телефонскиот разговор, направен по смртта на американскиот набљудувач од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во источна Украина, Порошенко и Тилерсон ја подвлекоа неопходноста сите земји и пред се сепаратистичките сили, предводени од Русија, под итно да ги исполнат своите обврски од Минските спогодби за мир, изјави портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
Тонер посочи дека Тилерсон го побарал телефонскиот разговор со Порошенко за да ја разгледаат неговата неодамнешна посета на Москва. Државниот секретар од Порошенко ги примил изразите на жалење за смртта на американскиот набљудувач од ОБСЕ.
Според ТАСС, убиениот работел како доктор во мисијата на ОБСЕ.
Заменик шефот на мисијата на ОБСЕ, Александар Хаг, изјави дека набљудувачот, кој бил убиен при експлозија на противпешадиска мина, е Американец, потсетија американските медиуми. Во експлозијата биле повредени уште двајца членови на мисијата - Германец и Чех.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, чија земја е ротациски претседател на ОБСЕ, побара истрага за експлозијата и изјави дека виновниците треба да понесат одговорност.
Портпаролот на Стејт департментот изрази сочуство до семејствата и блиските роднини на убиениот. Портпаролот Марк Тонер изјави дека САД повторно ја повикуваат Русија да го искористи своето влијание врз сепаратистите за да го направат првиот чекор кон мирот во источна Украина и да постигнат видливо, подложено на проверка и неповратно подобрување на безбедноста, додаваат американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...