Нетанјаху со порака до непријателите: Не го тестирајте Израел

Ерусалим, 24 април 2017 (МИА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху порача дека секојдневно се раководи со лекциите од Холокаустот и истовремено им се закани на непријателите на Израел да не ја тестираат силата на неговата држава.
Израел вчера го одбележа Денот на сеќавањето на жртвите од Холокаустот, со повеќе комеморации за шестте милиони Евреи кои систематски беа убиени од страна на нацистичка Германија и нејзините колаборационисти во текот на Втората светска војна.
Зборувајќи на главната церемонија во меморијалниот центар Јад Вашем, Нетанијаху го обвини Иран, архинепријателот на Израел, и такаканеречаната Исламска држава дека се обидуваат да го уништат Израел.
Тој додаде дека една од лекциите на Холокаустот е дека „сами се браниме од сите закани и секој непријател“.
- Со оваа лекција се водам секое утро и секоја вечер, порача тој, а пренесуваат американските медиуми.
Нетанијаху потсети дека Израел е силна нација со една од „најсилните одбранбени сили во светот“ и ги предупреди „оние кои се обидуваат да го уништат дека сами ќе бидат уништени“.
Вчерашниот ден, инаку, е еден од најтажните денови во израелскиот календар, наведуваат американските медиуми. Кафулињата и другите места за забава беа затворени додека телевизиите и радио станиците емитуваа документарни програми за Холокаустот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...