Северна Кореја изврши големи артилериски вежби

Пјонгјанг, 25 април 2017 (МИА) - Северна Кореја изврши денеска артилерска воена вежба по повод 85-годишнината на армијата, додека во Токио претставници на САД, Јужна Кореја и Јапонија се договараа за тесна соработка за мерките против заканите од Пјонгјанг, а во Вашингтон видни членови на Владата ги повикаа сите сто сенатори за да ги запознаат со ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Според владин извор во Сеул, Севернокорејците извршиле артилериски истрелувања во регион на крајбрежниот град Вонсан. Во вежбите биле вклучени меѓу 300 и 400 парчиња оружје со голем дострел.
Експертите сметаат дека Пјонгјанг се откажал од плановите да изврши денеска или некој од следните денови нова нуклеарна проба или ракетен тест, за да не ги испровоцира САД и Јужна Кореја, јави Јонхап.
На 9 април Пацифичката команда на САД потврди дека носачот на авиони „Карл Винсон“, придружуван од два разурнувачи со системот „Иџис“ и еден миноносач, се насочиле кон Корејскиот Полуостров. Се очекува флотилата да навлезе во Јапонското Море следната недела.
Специјалниот претставник на САД за политика за Северна Кореја, Џозеф Јун изјави денеска во Токио дека сите мерки кон Пјонгјанг ќе бидат преземени во координација и консултација со сојузниците на САД во регионот.
По преговорите со неговите партнери од Јапонија, Кенџи Канасуги и Ким Хон-јун од Јужна Кореја американскиот претставник изјави дека трите земји се договориле за „тесна соработка“ во дипломатијата, воените активности и економијата“ во рамки на мерките против Северна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...