Пекинг, 26 април 2017 (МИА) - Кина го претстави својот втор носач на авиони, кој целосно е произведен во земјата, а беше спуштен изутринава во вода во пристаништето Даланг, јавија кинески државни медиуми.
Би-Би-Си коментира дека Кина вториот носач го покажала во време на вжештена реторика меѓу САД и Северна Кореја.
Станува збор за носач на авиони тежок 50 илајди тони, а претставен во истото пристаниште на северот на земјата, како и првиот носач „Лиаонинг“, кој е изграден во Украина.
Носачот на авиони засега нема име.