Гутереш: ОН бара да се најде заеднички пристап во борбата со тероризмот

Москва, 26 април 2017 (МИА) - ОН од сите земји во светот бараат да го обноват изнаоѓањето заеднички пристап во борбата против тероризмот, изјави генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, во обраќањето на Московската конференција за меѓународна безбедност, што го прочита неговиот заменик, Џефри Фелтман, пренесе ТАСС.
„Светските институции не поседуваат доволно инструменти за ефикасно реагирање на сегашните предизвици“, се наведува во обраќањето на Гутереш.
„Поради овие причини мојата порака кон сите е да се обнови изнаоѓањето заеднички пристап за решавање на генералните проблеми и да се преземат напори за враќање на довербата на светско ниво“, изјави Гутереш.
Тој смета на поддршка за неговата иницијатива за создавање ново антитерористичко биро во ОН.
„За ефикасно спроведување на глобалната стратегија на ОН за борба со тероризмот на Генералното собрание му предложив да формира ново биро за борба против тероризмот, што во иднина усоглаено ќе дејствува при давање помош на земјите учеснички, а, исто така, ќе го засили нашето влијание на самото место“, изјави Гутереш.
„Се надевам дека земјите учеснички, кои присуствуваат тука, ќе го поддржат овој предлог“, вели генералниот сектретар на ОН во обраќањето.
На истата конференција, иранскиот министер за одбрана, Хосеин Деган, изјави дека покровителите на терористите во Сирија и Ирак сами можат да станат нивна жртва, доколку тероризмот не биде уништен.
- Иран смета дека ниту САД, ниту друга земја, сама е во состојба да ги постигне своите политички цели на Блискиот исток и северна Африка, ако поддржува терористички организации, рече тој.
„Убеден сум дека доколку вооружениот тероризам во Ирак и Сирија не биде уништен, наскоро на терористички напади ќе бидат подложени сите негови мали и големи покровители, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија, Турција, САД и другите нивни сојузници“, изјави Деган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...