Венецуелската полиција ги прекина синоќешните протести во Каракас со солзавец

Каракас, 27 април 2017 (МИА) - Илјадници лица се собраа синоќа повторно да протестираат во Каракас. Нема показатели за намалување на антивладиното движење, а досега загинаа 29 демонстранти.
Лицата кои протестираат преминаа преку центарот на Каракас во обид да стигнат со народниот правобранител Тарек Вилијам Сааб.
Венецуелската полиција ја запре групата со солзавец пред да стигне до канцеларија на Сааб.
Како мерка против евентуалните протести, венецуелски воени единици беа распоредени и покрај Националниот изборен совет и Врховниот суд во Каракас.
Протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро што создаваат немири во земјата од почетокот на април, доведоа до најтешкиот бран на насилство од 2014 година.
Демонстрантите бараат избори, преку кои ќе се стави крај на дводецениското управување на социјалистите. За гневот придонесе и жестоката економска криза.
Кризата ги вознемири земјите во регионот, поради што Организацијата на американски држави (ОАД) побара вонредно заседание, посветено на Венецуела.
Откако синоќа беше донесена одлука за одржување на вонредно заседание, венецуелскиот министер за надворешни работи Делси Родригес изјави дека Венецуела ќе започне процедура за излегување од ОАД.
- Одлуката е знак на протест за кампањата што започна во Вашингтон, против социјалистичката Влада на земјата, посочи Родригес.
Тој претходно предупреди дека Венецуела може да ја напушти ОАД, доколку регионалното обединување одржи седница на ниво на министри за надворешни работи, посветено на ситуацијата во земјата, без согласност од Каракас.
Од почетокот на април во Венецуела се одржуваат антивладини протести, што често преминуваат со судири со венецуелската полиција. Досега се уапсени над 1.300 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...