Трамп одобри Пентагон да ја смени бројноста на контингентите во Сирија и Ирак

Вашингтон, 27 април 2017 (МИА) - Белата куќа му даде на Пентагон можност поеластично да ја определува бројноста на американските воени контингенти во Ирак и Сирија, пренесе ТАСС.
Со оваа одлука, на министерот за одбрана Џејмс Матис му се даваат овластувања да испрати поголеми сили во Сирија како поддршка на локалните милиции, кои се обидуваат да ја заземат Рака - бастионот на Исламска држава (ИД). Со неа, меѓутоа, министерот за одбрана ќе може и во Ирак да испрати повеќе војници, бидејќи во оваа земја и натаму траат борбите за поттиснување на ИД од Мосул и за стабилизирање на ситуацијата.
Во моментов, според официјални податоци, САД во Ирак има 5.262 војници, а во Сирија 503.
Во текот на последните месеци Пентагон постепено го зголемуваше својот контингент во двете земји, испраќајќи стотици маринци во Сирија и консултанти кон Ирак. Тоа беше направено со одобрение на Белата куќа, но без официјално да се променат ограничувањата врз бројот на војници, утврдени од администрацијата на Обама.
Одлуката на Трамп е последен чекор кон проширување на овластувањата на војниците, забележаа американските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...