Израелски авиони нанесоа удар врз склад за оружје на Хезболах во Дамаск

Аман, 27 април 2017 (МИА) - Израелски авони нанесоа удар врз склад за оружје на либанската шиитска организација Хезболах, што се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, наведе неименуван извор од разузнавачката служба на Сирија, пренесува БТА.
Во објектот се складирало оружје, што Иран редовно го испраќа во трговски или воено-транспортни авиони, посочи изворот.
Претходно денеска, телевизија „Ал Манар“, што е блиска со Хезболах, јави дека нападот што се случи утринава во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск веројатно е извршен од страна на израелски авиони.
Според првичните информации, биле разнесени магацини и резервоари за гориво, но нема жртви.
Иранската телевизија „Ал Алајам“ јави дека израелски авиони нападнале воена база во близина на Дамаск. Како резултат од нападот избувнал силен пожар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...