Можен е голем конфликт со Северна Кореја

Вашингтон, 28 април 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да дојде до голем конфликт со Северна Кореја заради нејзините нуклеарни и ракетни програми, но кажа дека претпочитува спорот да се реши по дипломатски пат, пренесоа британските медиуми.
- Има можност на крајот и да влеземе во голем, голем конфликт со Северна Кореја. Целосен, рече Трамп во интервју за Ројтерс пред утрешниот 100-ти ден од почетокот на неговото претседателствување, пренесува БТА.
Тој, сепак, изјави дека сака мирна разрешница на кризата која малтретира неколку американски претседатели. Трамп и неговата Влада се залагаат за овој пристап, подготвувајќи нови различни економски санкции и, истовремено, не ја исклучуваат и воената варијанта.
- Многу би сакале работите да ги надминеме по дипломатски пат, но тоа е доста тешко, рече тој.
Според него, Северна Кореја е неговиот најголем глобален предизвик.
Трамп го пофали кинескиот претседател Кси Џинпинг за помошта на Пекинг во обидите за зауздување на Северна Кореја. Двајцата лидери овој месец имаа средба на Флорида.
- Верувам дека тој вложува сериозни напори. Со сигурност знам дека не сака да има тензии и смрт. Не сака да го гледа тоа. Тој е добар човек, рече Трамп.
Според него, кинескиот претседател „би сакал да може да направи нешто, но веројатно дека нема да може“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...